2win800x200

НА СЕДНИЦАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕНА И ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА НАГРАДА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД ТППЕ БИТОЛА

Август 26, 2024
пожарна Битола пожарна Битола

Градоначалникот Тони Коњановски објави дека на седницата на која ќе се разгледува ребалансот на Буџетот на општина Битола, во исто време ќе биде доставена и иницијативата за награда на пожарникарите од ТППЕ Битола во висина од 15.000 денари за секој пожарникар поединечно. Имајќи предвид дека, за да може да се исплатат средствата истите мора да бидат предвидени во Буџетот, од формално – технички причини одлучив иницијативата да биде заедно со ребалансот на Буџетот, дополнително оставајќи и доволно простор за разгледување на 52 те точки кои се на дневен ред на денешната седница на Советот. Наградувањето на пожарникарите ќе биде завршено во предвидениот рок, откако Советот ќе ја изгласа иницијативата и ќе ги одобри планираните средства.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани