АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новата учебна година ќе почне со протести. Независниот синдикат за образование и наука едногласно донел одлука за серија протести поради, како што велат, непочитување на колективните договори и законот за минимална плата. Протестите ќе започнуваат откако ќе завршат часовите, што значи учениците нема да губат настава.
„Првиот протест кој ќе го започнеме ќе биде на втори септември во Битола. После работното време ќе биде тоа. Ќе се соберат просветните работници и ќе го искажат незадоволството. Приоритет е почитување на колективните договори, односно множење на минималната плата со коефициент. Тоа не се почитува веќе десет години. Почетната плата на просветните работници треба да се зголеми за 40%“ - Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука за sitel.com.mk