2win800x200

Коњановски во работна посета на Шведска- Како да се третира органскиот отпад

Септември 04, 2024
Во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво", градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, претставници на општинската администрација и ЈП „Комуналец“, како и претставници на останатите општини учесници во проектот, престојуваат во работна посета на Шведска, во градовите Стокхолм и Јевле, каде што ќе добијат повеќе конкретни сознанија и практични примери на подобрување на услугите на општините и комуналните претпријатија во секторот отпад, како и искористувањето на отпадот.
Во предвидените активности, беше реализирана посета на фабриката Екогас, која што е во доминантна сопственост на општината. Во неа, се третира органскиот отпад собран од општинските претпријатија, а се обработува околу 27 000 тони отпад годишно. Фабриката произведува 28 GWh гас за возила, со што остварува над 5 милиони евра промет годишно. Исто така, учесниците во проектот беа запознати и со потребата од заедничка меѓуопштинска соработка за управување со отпад, од која што придобивките се повеќенаменски:
• Повисоки законски барања од власта и поголеми очекувања од граѓаните
• Еколошки придобивки
• Пониски инвестициски трошоци
• Споделување на надлежностите и човечките ресурси
• Полесно оптимизација на рутите
• Ист надомест во сите општини
• Заеднички набавки
Општина Битола е една од шесте општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, кои ќе работат на одржливо управување со отпадот, проект финансиран од СИДА (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка), а имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани