АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола соопшти - 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки" со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.