АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Архитектот Зоран Николовски се враќа на чело на Завод и музеј Битола. Тој е вработен во Музејот од 1990 година и во еден период беше директор на оваа институција кога на чело на владата беше Никола Груевски.
Николовски сега седна на директорското столче како партиски кадар на ЗНАМ и избор на Максим Димитриевски.
За време на последните локални избори во Битола, Николовски се наметна во битолската и пошироката јавност со објавување на идеи и проекти како треба да ја направиме Битола поубава.
А.Б