АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска во рамки на својата кампања повторно ги повикува граѓаните навреме да ги заменат возачките дозволи со старото уставно име на државата. Согласно измените во Законот за безбедност во сообраќајот, потсетуваат од МВР, нивната важност е до 31 декември.
„Министерството го повикува сите граѓани кои сè уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола до истекот на рокот со цел да не се создаваат непотребни метежи“,
велат од МВР.
Оттаму информираат оти сите капацитети на МВР и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните за смена на возачките дозволи до редовниот рок, без доцнење.