АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ш.(27) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 01.06.2024 пред станбена зграда на ул.„Ѓорѓи Наумов“ во Битола, пријавениот со употреба на запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „бмв“, сопственост на З.Л. од Битола, при што биле оштетени дел од фасадата на зградата, еден балкон и уште едно возило.