2win800x200

Со „битолски рецепт“ Лина Лумбуровска го истрча маратонот во Берлин

Септември 30, 2024

Викендов зад нас беше вистински празник за атлетичарите-маратонци во Берлин, каде што се трчаше еден од серијата најголеми маратони во светот (покрај оние во Токио, Лондон, Бостон, Чикаго и Њујорк). Според официјалните бројки во сите категории, настапиле преку 80.000 лица, а само на главниот маратон преку 50.000. Се разбира, бидејќи станува збор за еден од најважните маратони во годината, настапија речиси сите најпознати маратонци во светот, а свое место на трката имаа и бројни рекреативци кои учеството го изборија преку лотаријата на која учествуваа кандидати од целиот свет, објави .

Една од среќниците кои добија покана да учествуваат преку оваа лотарија беше младата битолчанка Лина Лумбуровска, кој неколку години живее во Бон, Германија и работи како компјутерски инженер. Непосредно по успешно истрчаниот маратон таа ни ги пренесе импресиите.

-Успешно ја истрчав маратонската патека иако е ова мој прв целосен маратон. Изминативе четири години сум трчала на 5 и 10 илјади метри, како и пет полумаратони, но ова беше првпат да се решам на најдолгата патека. Се разбира, постигнатото време воопшто не ми беше предизвик, туку најважно беше да ја истрчам трката. Голема благодарност за поддршката до клубот „Фит коцепт“ од Битола, со кои заедно ја изработивме програмата за моето трчање овде во Берлин. Инаку станува збор за клуб за кој имам настапувано на повеќе атлетски натпревари, па соработката ја крунисавме токму со оваа заедничка програма за маратонот – ни изјави Лумбуровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани