2win800x200

ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦИЈА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Октомври 02, 2024

Aмбасадорот на Франција, Н.Е Кристоф ЛЕ Риголер, заедно со првиот секретар во амбасадата Даниел Меркез, денес остварија прва официјална посета на Општина Битола, каде имаа средба со градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски. На средбата се разговараше за досегашната добра соработка на општината со францускиот конзул во Битола и амбасадата на Франција и бројните заеднички реализирани проекти. Посебен акцент беше ставен на идните можности за зајакнување и продлабочување на соработката, на интересот за изучување на францускиот јазик во битолските училишта и други важни теми од економски и културен аспект.

image00006

По завршувањето на работниот состанок, градоначалникот Коњановски и амбасадорот Риголер, ја посетија Гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде имаа средба со раководството на училиштето, дел од професорите и со учениците кои изучуваат француски јазик.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани