2win800x200

Обвинителството нареди вештачење за утврдување на причините за сообраќајката на патот Прилеп – Битола

Октомври 03, 2024

Јавното обвинителство нареди обдукција на телата на починатите во сообраќајката на патот Прилеп – Битола, како и испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.Увид на местото на несреќата правеше јавен обвинител. Од Јавното обвинителство соопштија дека сѐ уште не се познати причините за несреќата.

Тешката сообраќајна несреќа во која загинаа трите медицински лица се случила 15-тина минути пред 8 часот изутрината при директен судир на патничкото возило „Тојота“ со прилепски регистерски таблички во кој беа трите медицински лица и товарен камион со скопски регистерски таблички на магистралниот пат Прилеп – Битола на излезот од градот кај селото Лагово.

При силниот удар избил пожар кој прилепската противпожарна единица го гаснеше со пет возила и 12 пожарникари. Во несреќата беше повреден возачот на камионот, кој беше префрлен во општата болница во Прилеп.

Повеќе од час и половина екипите на прилепската противпожарна единица интервенирале за да го изгаснат пожарот.

-Во 7:45 часот изутрината добивме пријава за камион, кој гори на патот Прилеп – Битола, кај селото Лагово. Кога дојдовме на местото видовме дека не гори само камион, туку и патничко моторно возило, односно се случила сообраќајна несреќа. За да го изгаснеме пожарот интервениравме со пет возила и 12 пожарникари. Го обезбедуваме просторот, има бензин, нафта истечено. Станува збор за хибридно возило во сообраќајката со литиумски батерии, изјави Виктор Стојчески, заменик- момандир на ТППЕ- Прилеп.

Со сочувство за семејствата и тага поради загубените животи и врвни стручњаци, на својата фејсбук страница се огласи болницата „Плодност“ од Битола каде работеа загинатите.

-Изразуваме длабоко сочувство до семејства на нашите колеги, за прераната загуба на нивните членови на семејствата. Секој од нив имаше свое посебно место во нашата болница и во нашите срца. Прим. д-р Александар Ристески беше врвен бренд во македонската радиологија, но и во светски рамки. Неговата десна рака и соработник, радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, беше неизоставен дел од Одделот за рентген дијагностика. Спец. гинеколог д-р Никола Василески долги години беше дел од гинеколошкиот тим на доктори во нашата болница. На достоен начин, болница „Плодност“ секогаш ќе ги памети нивните дела, но и нивните насмевки, топли зборови и секогаш отворени срца за пациентите и за колегите. Нивниот придонес ќе биде вечно запаметен и врежан во историјата на македонската медицина, но најмногу во аналите на историјата на Болница Плодност“, рече прим. д-р Таше Трпчевски, менаџер и сопственик на Болница Плодност. Со соодветен комеморативен настан, Болница Плодност ќе им оддаде почит на трагично загинатите колеги – се вели во соопштението на Болницата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани