2win800x200

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА ЗА ПРАЗНУВАЊЕ НА 4 НОЕМВРИ ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ „80 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИТОЛА“

Октомври 08, 2024

Општина Битола традиционално секоја година го одбележува Денот на ослободувањето на градот „4-ти Ноември“ со програма од неколку денови која вклучува културно уметнички и спортски активности кои се одвиваат на повеќе локации низ Битола.

Предмет на јавниот повик e кофинансирање на манифестации и проекти по повод Ден на ослободувањето на градот Битола, со кои се збогатува содржинската понуда по повод „80 години од ослободувањето на Битола“.

- музичка и музичко – сценска уметност

- театар

- ликовна уметност

- видео, фото, филмска уметност

- литература

- фолклор

- традиционални настани

- спортски настани

Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е бруто  износ од 906.000 денари.

Активностите треба да бидат реализирани во период од 28.10. - 10.11.2024.

Повеќе информации за јавниот повик се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-4-noemvri/.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани