2win800x200

Премиера на монодрамата „КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова

Октомври 15, 2024

Во рамките на програмата на Битолскиот театар за одбележување на јубилејот 80 години на оваа институција, премиерно ќе биде изведена претставата ,,КУФЕР.МК“ по идеја и концепт на актерката Соња Михајлова и Благој Мицевски кој беше задолжен и за режијата.

Актерката Соња Михајлова  истакна дека овој момент и е емотивен со враќањето во Битолскиот театар после пензионирањето пред две години.

„Се радувам на повторната средба со публиката од сцената на Битолскиот театар. Сакам да се заблагодарам за отворената врата во овој момент од страна на директорот Мавровски и театарот. Ме радува и тоа што поставувањето на мојата монодрама во овој театар е во моментот кога театарот слави 80 години од своето постоење од кои 40 јас сум во овој театар, и овој момент на отворената врата во театарот и присуството на монодрамата го подарувам на Народен театар Битола и на публиката, како мој роденденски подарок за овој голем јубилеј“.

Михајлова низ претставата не води низ една лична интимна исповед за дилемите, моралните вредности, погледот на светот, убавите моменти, но и траумите низ кои поминува и со кои се справува една актерка, жена.

Режисерот Благој Мицевски истакна дека Битола има публика за монодрами.

Музиката во претставата е на Миодраг Неќак, за видеото се погрижи Марјан Георгиевски.

Премиерата ќе биде на 16.октомври (среда) и реприза 17.октомври (четврток), двете вечери од 20 часот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани