2win800x200

Уапсени двајца битолчани дилери на дрога

Октомври 26, 2024
На 25.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Б.(31) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана. 
Истиот ден, при лишувањето од слобода на З.Б., тој бил заедно со В.М.(28) од Битола и при претрес на патничко возило „хјундаи" со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.М., биле пронајдени прашкаста и растителна материја, по што и В.М. е лишен од слобода. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани