2win800x200

МИНИСТЕРКАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Октомври 28, 2024
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари работна средба со градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски. Во рамките на посетата, градоначалникот Коњановски ја запозна министерката Божиновска со реализираните проекти, како и за проектите кои што се во тек на реализација во општината, а се однесуваат на подобрување на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.
„Драго ми е што со денес реализирав продуктивна средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и неговиот тим каде што разговаравме за досега имплементираните проекти и решенија, за можностите за подобрување на енергетската ефикасност и одржливите практики низ општината и веќе изготвените 5 проекти со кои Општина Битола има за цел да го започне процесот на транзиција кон зелена енергија. Го поздравувам проактивниот пристап на градоначалникот за интегрирање на мерките за обновлива енергија и енергетска ефикасност во развојните програми на Битола, посебно за проектот за гасификација. Оваа посветеност се усогласува со нашите национални приоритети и нѐ носи чекор поблиску до почиста, поодржлива енергетска иднина за сите граѓани“, рече министерката Божиновска.
Градоначалникот исто така, посочи дека општинската администрација работи на уште многу проекти, за кои што во иднина ја очекува поддршката од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
„Се радувам што со министерката имавме многу конструктивни работни дискусии. Нашата цел како општина е да обезбедиме што поголема енергетска ефикасност на јавните објекти, а истовремено да дадеме поддршка и на граѓаните да го реализираат истото. На повидок се конкретни проекти од областа на обновливите извори, така што во општината навистина со големи чекори се работи на реализација на проекти од овие области. Ме радува и фактот што министерката ни даде безрезервна поддршка при реализација на нови проекти, со што, покрај енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, ќе добиеме и поквалитетна животна средина“, изјави градоначалникот на средбата со министерката Божиновска.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани