2win800x200

Дворот на подрачното училиште во населба Горно Оризари со нов лик и реконструирана инфраструктура

Октомври 30, 2024

Подрачното основно училиште „Тодор Ангелевски“ - Населба Горно Оризари -Битола, доби нова фекална и атмосферска мрежа, која е од исклучителна важност за училиштето. Заменети се старите водоводни цевки на водоводната линија во школскиот двор, заменети се сите капаци од шахтите во школскиот двор, кој ја осигуруваат безбедноста на учениците. Реконструирани се 500 квадратни метри пешачки патеки во школскиот двор на ПОУ „Тодор Ангелевски“- Населба Горно Оризари, информира Благоја Трајковски раководител на училиштето.

директор

Во следниот период е планирано хортикултурно уредување на зелените површини во школскиот двор, на кој најмногу ќе се радуваат учениците.

„Како што сите знаеме, секој почеток е тежок. Се кажува дека големината за успесите е упорноста, желбата и истрајноста за тоа што го работиме, кога сето тоа се работи со љубов, тогаш ќе се исплати. Голема благодарност до фирмите: - Хидроинженеринг дооел-Пеце Ристевски кој е заслужен за убавиот изглед на пешачките патеки во школскиот двор,со донација од 500 метри квадратни бекатонски плочници. - Јоска транс трејд- Зоран Блажевски, - Боливе дооел- Зоран Стојановски, - Екстра бабале- Боби Божиновски. Благодарност до градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски на Општина Битола. Благодарност до нашиот драг пријател и наш родител Пеце Милевски кој секогаш придонесува и помага за потребите на нашето училиште. Исто така им благодариме на директорот Зоран Талевски и вработените на КЈП Јавно претпријатие Нискоградба - Битола. Благодарност до ЈКП Водовод - Битола. Им благодариме на урбаната заедница „Горно Оризари“, родителите и до сите други кои на некој начин придонесоа за успешна реализација за реконструкција на школскиот двор на ПОУ „Тодор Ангелевски“ - Населба Горно Оризари. Ви благодарат учениците на ПОУ „Тодор Ангелевски“ - Населба Горно Оризари за несебичната помош и придонес за подобрување на условите на нашето училиште, без вас немаше да успееме, стои во изјавата на Благоја Трајковски раководител на ПОУ „Тодор Ангелевски“ Населба Горно Оризари - Битола.

 

старо

уредено

новоово

Тодор

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани