2win800x200

Дејан Младеновиќ ја доби наградата за најдобра камера за филмот за Димче Миновски

Ноември 03, 2024

Нашиот Дејан Младеновиќ ја доби наградата за најдобра камера за филмот за Димче Миновски на 32 издание на фестивалот „Камера 300“, што ја додели Општина Битола 

 

По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември, како дел од програмата за одбележување на овој значаен датум, се одржа 32 издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“.

 
Од избраните филмови во официјална конкуренција, а според Правилникот и пропозициите жирито ги додели следните награди:
1. ГРАН ПРИ наградата „Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалот му се доделува на филмот „ФОРМУЛА НА ЉУБОВТА“ на авторите Ноела Нечкоска & Рената Петревска-Нечкоска од Република Македонија
2. „ЗЛАТНА КАМЕРА 300“ за филмот „МОЈОТ СОНЧЕВ СОН ЈА ЧЕКА ВЕЧНОСТА...“ од авторот Славен Костов од Бугарија.
3. „СРЕБРЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „ЈУБИЛЕЈ“ на авторот Бојан Петровски од Шведска
4. „БРОНЗЕНА КАМЕРА 300“ за филмот „ПРИКАЗНА ОД КОМАНГУЕ“ од авторот Јирген Ричарс од Германија.
5. СРЕБРЕН МЕДАЛ НА UNICA му се доделува на филмот „ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА“ од авторот Диме Талевски од Македонија.
Можно е да е слика од 10 луѓе
6. ПЛАКЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА НАЈДОБРА КАМЕРА на авторот Дејан Младеновиќ од Македонија, за филмот „ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ДИМЧЕ МИНОВСКИ“.
7. ПЛАКЕТА ЗА РЕЖИЈА „ДРАГИ САВЕВСКИ“ на авторот Николај Скерлев од Бугарија за филмот „КУТИЈА ОД СОНИШТАТА“.
8. ПЛАКЕТА ЗА МОНТАЖА на авторот Бојан Петровски од Шведска, за филмот „ЈУБИЛЕЈ“.
9. ПЛАКЕТА ЗА ИДЕЈА „СТЕВО СИДОВСКИ- СИДО“ на авторите Миа Панов & Дејан Панов од Македонија, за филмовите „БРОДОТ ТИТОВ ВЕЛЕС“ и „ИЛИНДЕНКА“
10. ПЛАКЕТА ЗА РЕПОРТАЖА на авторот Љупчо Паунковски од Република Македонија за филмот „ОХРИДСКИТЕ ПЛИВАЧКИ ЛЕГЕНДИ“.
Стручното жири одлучи да бидат доделени и Специјални награди-плакети:
• На авторите Нико Вестерхоф и Маршал Усингер од Холандија за филмот „ПОСЛЕДНИТЕ ДОМОВИ НА БЕРГЕРВЕСИ“.
• На авторот Николја Скерлев од Бугарија за филмот „БЕСМРТНОСТ НА КАМЕН“
Можно е да е слика од 4 луѓе и текст
Можно е да е слика од 4 луѓе и текст
Можно е да е слика од 16 луѓе, толпа и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани