2win800x200

Настапот на Евровизија на Ана и Алексеј битолчани ќе можат да го следат во Кристалната сала на Офицерскиот дом во Битола

Ноември 15, 2024

Утрешниот настап на  Детска Евровизија во Мадрид на нашите Ана и Алексеј, битолчани ќе можат да го следат во Кристалната сала на Офицерскиот дом во Битола од 18 часот.

ООУ „Даме Груев“ Битола чии ученици се Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски јавно ги повикуваат граѓаните на Битола на заедничка целовечерна дружба со цел да се проследи настапот на нашите натпреварувачи.  

-Драги битолчани! Ве покануваме заедно да го проследиме настапот, да навиваме и да им ја испратиме целата позитивна енергија на нашите Ана и Алексеј.  На 16-ти Ноември 2024 година, за прв пат од постоењето на Детската Евровизија, нашата татковина Македонија ќе ја преставуваат битолчани! Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски ќе ја освојат евровизиската сцена во Мадрид со песната „Маратон“, чиј автор е Лазар Цветковски, а текстот е на Магдалена Цветковска. Во организација на Oпштина Битола и ООУ „Даме Груев”,битолчани ќе имаат можност да го проследат ова спектакуларно шоу во Кристалната сала на  Офицерскиот дом во Битола. Директниот пренос на Јуниорскиот Евросонг е на националниот сервис на МРТ, а домаќините од Мадрид најавуваат целовечерна незаборавна забава. Со знамиња, транспаренти и навивачки реквизити Ве очекуваме!, објавија од ООУ „Даме Груев“ Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани