АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчера во 18.00 часот на улицата „Чеде Филиповски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода 27-годишниот Н.Д., 29-годишниот Ф.Ј., 30-годишниот Б.Ј., 27-годишниот Х.П. од Битола и 33-годишниот Г.Ј. од село Слоешница, демирхисарско, затоа што при преглед кај нив, кај Н.Д. била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.