2win800x200

Објавен јавен повик за учество на битолската „ЗИМСКА ПРИКАЗНА“

Ноември 22, 2024
Општина Битола објавува јавен повик за избор на субјекти кои ќе учествуваат во организација и реализација на културни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2025 година.
Право да аплицираат на јавниот повик имаат сите домашни правни и физички лица кои работат во областа на културата и културниот туризам, со достава на апликација и изјава за согласност (дадени во прилог на овој повик) потпишани со печат и скенирани електронски на е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во архива на Општина Битола шалтер бр.3 (работно време од 7:30 до 15:30 ч).
Изборот на настаните ќе го изврши Комисија за селекција и евалуација формирана од Градоначалникот, задржувајќи го правото да направи распоред на настаните, врз основа на следните критериуми:
- Претходно искуство во учество на настани од ист или сроден вид (проекти со континуитет)
- Квалитет, јасност, аргументираност и иновативност на предложените проекти;
- Професионално елаборирани проекти од домашни и странски уметници со детално наведена програма;
- Степен на влијание на проектот/настанот врз квалитетот на животoт на локалната заедница со образложение за целната група кон која се ориентирани;
- Нови професионални методологии со акцент на задолжителни активности со експерти во рамките на предложените проекти;
- Прифаќање на млади автори со ветувачки капацитети и нови визии кои навестуваат понагласен творечки потенцијал;
- Професионална екипираност, капацитети и можности за реализација на настаните;
- Максимално искористување на вложените средства на проектите, прикажување на проектите на локации кои ќе го зголемат бројот на консументите;
- Кооперативност со други општествени сегменти (производство, образование, екологија...)
- Иновативни идеи со примена на можностите на современата технологија во функција на туристичка промоција
Комисијата има право заради збогатување на програмата да ангажира и дополнителни изведувачи надвор од јавниот повик.
Одобрените финансиски средства на апликантот чиј проект/настан ќе биде одобрен, ќе бидат исплатени после реализацијата на проектот/настан и доставен наративен и финансиски извештај (даден во прилог на овој повик) најкасно до 15.02.2025.
Настаните ќе се реализираат во периодот од 20.12.2024 до 06.01.2025 година.
Подетални информации можат да се добијат на телефонскиот број 047-208-347.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 28 ноември 2024 ( четврток) на е-маил до 23:59 часот или физички до 15:30 ч.
Јавниот повик и потребната документација, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/zimska-prikazna-2025/.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани