Вечерва во просториите на НУБ „Свети Климент Охридски"-Битола, професорката по предметот Македонски јазик и литература во Горната гимназија „Јосип Брз Тито“ Битола, м-р Симона Петровска во соработка со м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, библиотекар - стручен соработник за популаризација на книги, ја организираа литературната вечер посветена на првиот поет лиричар во европската литература и претходник на модерната европска
поезија, Франческо Петрарка, а по повод 720-годишнината од неговото раѓање.
-Вечерва петраркистичкиот сонет елегично го оживеаја учениците од втора година во нашето училиште. До нив упатуваме честитки за уметничката преработка и интерпретација на ренесансната италијанска поезија. Се разбира, многу големи честитки ѝ упатуваме и на професорката Симона Петровска.“, објавија од Гимназијата