2win800x200

НАЦИОНАЛНИ ВОЛОНТЕРСКИ НАГРАДИ - ЗЛАТЕН ВОЛОНТЕРСКИ СЕРТИФИКАТ ЗА 2024

Декември 05, 2024

По повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) од 2006 година востанови Национални волонтерски награди. Целта е оддавање на јавно признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности. Оваа година доделуваме 2 златни сертификати за волонтерство: ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2024 ГОДИНА на Организацијата Млади од семејна разновидност за волонтерската иницијатива за намалување на партиципацијата на студентите од еднородителски семејства Зошто? Млади од семејна разновидност (Youth of Diverse Families) е организација која работи во последните 4 години на разни иницијативи за помагање и поддршка на деца и млади од самохрани и еднородителски семејства. Нивните иницијативи вклучуваат: поддршка за ментално здравје од страна на психолози и доктори, работилници за да си ги дознаат нивните права и хуманитарни донации за едукација и покривање на основните потреби. Нивната најпозната иницијатива е за намалување на партиципацијата на студентите од еднородителски семејства на факултетите во Републиката во која иако законски не е засега засновано, секој државен факултет ја прифати нивната иницијатива и сега овие студенти со еден родител учат со половина партиципација.

Untitled 4 800x533

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2024 ГОДИНА на Организацијата Сојуз на извидници на Македонија за волонтерската иницијатива БОРЕНКА Зошто? Боренка е волонтерска иницијатива која почна со работа во нашата држава во декември 2022 година и се истакнува како клучен пример за одржливост и грижа за животната средина. Боренка е иницијатива за пошумување на опожарени подрачја во државата во организација на Сојуз на извидници на Македонија и ЈП Национални шуми. Боренка како главен дел од своите активности организира и спроведува: - работилници за едукација на тема заштита на животната средина и превенирање на шумски пожари за ученици од основни училишта и - акции за пошумување на опожарени подрачја Со својата работа до сега, волонтерската акција Боренка има мобилизирано повеќе од 2000 волонтери, засадено повеќе од 55000 садници, пошумено 13 хектари опожарена површина, спроведено повеќе од 90 едукативни работилници со повеќе од 10000 ученици во повеќе од 40 основни училишта низ целата држава. Честитки до добитниците на наградата и нека е честит празникот на сите волонтери во светот – 5 декември! Со почит, Младински културен центар – Битола

Untitled 7 800x533

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани