
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од средата РЕК „Битола“ произведува електрична енергија со трите термоблокови, односно со максимален капацитет, вели генералниот директор на „РЕК „Битола“ Тони Петрушевски во изјава за медиумите.
Меѓу предизвиците со кои се соочи актуелното раководство на Комбинатот беа катастрофалната состојба во постојните рудници без откривка на јаглен, несоодветно направени ремонти или воопшто неизвршени техничко технолошки зафати во пресрет на грејната сезона и увоз на скап и неквалитетен јаглен.
„Со натчовечки напори и ангажман на вработените, за краток период е оспособен за работа термоблокот ‘Битола 1’, со цел, со оглед на фактот што не подлегнал на редовен годишен ремонт, колку што е возможно, да помогне во зголемување на домашното производство на електрична енергија и да придонесе кон енергетската стабилност на државата во пресрет на зимата“, вели Петрушевски.