Под мотото "Градиме мостови за посветла иднина” ООУ. "Св.Климент Охридски" Битола веќе цела недела има голем број на активности, приредби и манифестации посветени на својот патрон. Главната манифестација по повод денот на училиштето се одржа во салата на Народниот театар во Битола. Училиштето имаше и свој јубилеј - 35 години од своето постоење. Салата беше претесна да ги прими сите гости. Пред родителите,
претставниците од Општина Битола, заменикот градоначалник Бојан Бојкоски, директорите на основни и средни училишта од градот и институции, настапиjа училишниот оркестар, хор, драмската и рецитаторската секција. Беа доделени награди на најдобрите ученици на литературниот и ликовниот конкурс.
Пред присутните се обрати и Предраг Созовски директорот на ова училиште:
"Да се биде дел од ООУ. "Св.Климент Охридски" Битола е голема чест, но и голема одговорност.
Од далечната 1989 година, 35 години училиштето е синоним за квалитетен наставен процес, примена на модерни наставни методи, добра соработка -наставник, стручна служба, ученик,нродител. Училиште кое градело и понатаму гради мостови за посветла иднина, иднината на новите генерации, нашиот град и татковина. Благодарност до сите ученици и нивните ментори кои посветено работеа достојно да го одбележиме за нас овој голем ден" , рече Созовски.