2win800x200

Сабота во Битола отворање на изложба на уметничка фотографија на Емилија Трајковска

Декември 11, 2024

Во рамките на проектот Урбана Агенда на МКЦ-Битола во сабота ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија на Емилија Трајковска. Изложбата ќе биде поставена на 14 декември 2024 година во МКЦ-Битола ул. Цар Самоил 29 Битола со почеток во 19.00 часот.

 

СУБЛИМАЦИЈА НА СВЕТЛИНАТА И СЕНКАТА

Позната по своите црно-бели фотографии, Емилија Трајковска е фотограф кој не само што го овековечува моментот, туку и го трансформира во една визуелна нарација. Специјализирана во црно-белата фотографија, нејзиниот објектив најчесто ги „заробува“ емоциите на музичката сцена. Нејзина специјалност се фотографиите од бендови, уловени во живо, каде што енергијата на изведбата се пренесува низ играта на светлината и сенките. Таа е раскажувач кој преку своите дела ја документира трансформацијата на музичката сцена. Низ нејзините дела, сцената станува канвас, светлината - боја, а музичарите - субјекти на едно подлабоко, емотивно истражување.

Црно-белото е јазик на минимализам што овозможува максимална експресивност. Нејзината црно-бела фотографија е повеќе од отсуство на боја, тоа е алатка која и помага да се фокусира на суштината - емоцијата и структурата. Преку експресијата на лицата и интимните моменти меѓу музичарите и публиката, создава динамични композиции каде што секоја сенка и светлосен зрак без зборови раскажуваат за еуфоријата на концертот, екстатичните извици на публиката и за страста и ранливоста на музичарите(Илија Талев)

Проектот Урбана Агенда - поддршка на независната културна сцена е финансиран од Швајцарската амбасада во Скопје.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани