Утре (петок) ноќно скијање од 19-22 часот Чист воздух, топли напитоци, планина, снежна убавина и ноќно скијање...токму вака вечерва изгледаше скијачкиот центар Стрежево. Заради високите температури, а сѐ со цел зачувување на ски патеките утре ќе имаме ноќно скијање. Повелете утревечер (петок) од 19-22 часот во Ски-центарот Стрежево на ноќно скијање.