2win800x200

Нашата Фатма Аземовска прогласена за Жена со најголеми достигнувања за општеството!

Декември 14, 2024
Фатма Бајрам Аземовска Фатма Бајрам Аземовска

На свечена церемонија  во Музејот на македонската борба во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за Жена на годината 2024.

Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува.

Нашата битолчанка Фатма Бајрам Аземовска е прогласена за Жена со најголеми достигнувања за општеството!

„Со голема благодарност ја прифатив наградата „Жена со најголеми достигнувања за општеството“ за 2024 година. Ова признание претставува поттик за понатамошна посветеност и работа во полза на заедницата.
Искрено им благодарам на Претприемачки што ја препознаа мојата работа и вложените напори за подобрување на општеството. Оваа награда ја посветувам на сите жени кои секојдневно инспирираат со својата сила, решителност и посветеност. Нека ова биде потсетник дека заедно можеме да создадеме подобро утре.
Ова признание е доказ дека трудот, посветеноста и заедничките заложби секогаш носат позитивни промени во општеството.“
 
награда фатма
 

Во продолжение, следува листата со овогодинешните победнички во сите категории од изборот „Жена на годината 2024“:

  1. Жена на годината – Елена Лука
  2. Жена со трајни вредности – Зорана Костовска
  3. Жена менаџер на годината – Никица Мојсоска – Блажевски
  4. Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Јехона Спахиу Јанчевска
  5. Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Зорица Бужаровска Бошковска
  6. Жена со најголеми достигнувања во културата – Маја Андоновска Илијевски
  7. Жена со најголеми достигнувања во спортот – Милијана Релиќ
  8. Жена со најголеми достигнувања за општеството – Фатма Бајрам Аземовска
  9. Жена со најдобар стил – Вера Мештеровиќ
  10. Инфлуенсерка на годината – Емм Блажеска (@emmwandera)
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани