2win800x200

ОПШТИНА БИТОЛА ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ЗАЕДНИЦИ СО ИНТЕГРИТЕТ“

Декември 16, 2024
Денес во Општина Битола, се одржа воведна средба за проектот „Заедници со интегритет“, кој е финансиран од Владата на Швајцарија, а ќе биде имплементиран од страна на Националниот демократски институт, во соработка со Општината, Советот, граѓанскиот сектор и медиумите.
Проектот има за цел да ја зајакне отпорноста на општините кон корупција, да развие и пилотира системи и механизми кои ќе ја подобрат транспарентноста во локалната администрација. Преку овој проект се планира да се зајакнат капацитетите на граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор за подобро следење на процесите на донесување одлуки и испорачување на услуги на локално ниво.
Идејата за имплементација на овој проект во општина Битола, ја поздрави градоначалникот Тони Коњановски, кој нагласи дека планираните активности се значајна поддршка на започнатите процеси во општината, кои вклучуваат дигитализација на услугите, поголема транспарентност и достапност за граѓаните.
Благодарност за соработката и поддршката од НДИ, изрази и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, потенцирајќи дека вклучувањето и активното учество на советниците во проектот е доста важно за постигнување на поголеми резултати во интерес на граѓаните.
Општина Битола е една од шестте општини на државно ниво во кои во следниот период ќе се спроведува проектот „Заедници со интегритет“.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани