2win800x200

„НЕ за малолетнички бракови“ - Работилница на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“

Декември 20, 2024
На 15 декември 2024 година, во Битола се одржа работилница во рамките на солидарниот проект „НЕ за малолетнички бракови,“ организирана од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал.“
Говорници беа:
- м-р Фатма Бајрам Аземовска, претседателка на „Сумнал“;
- магистрант Џенгиз Бериша;
- магистрант Ферзије Асановска.
ф 2
Работилницата имаше за цел да ги запознае младите Роми од Битола и Прилеп со успешни примери на Роми кои завршиле високо образование и магистерски студии.
Преку нивните инспиративни приказни, учесниците беа мотивирани да ги истражат можностите за образование и личен развој, поттикнувајќи ги да размислуваат поинаку од мнозинството и да развијат позитивна свест за важноста на образованието.
Главни теми и пораки:
1. Негативните последици од малолетничките бракови: Малолетничките бракови имаат долготрајни штетни последици врз образованието, здравјето и социјалниот развој на младите. 2. Важноста на образованието: Образованието беше истакнато како клучен фактор за спречување на оваа појава и за подобрување на животот на младите.
3. Активна улога на заедниците: Беше потенцирано дека заедниците имаат одговорност да создадат безбедна и поддржувачка средина која ќе ги охрабрува младите да го продолжат своето образование и да ги избегнуваат штетните традиции.
Цели на проектот:
Солидарниот проект: „НЕ за малолетнички бракови“ е насочен кон подигнување на свеста за негативните ефекти од малолетничките бракови и поттикнување на превентивни мерки преку едукација и поддршка.
ф 3
Проектот, финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската Унија, настојува да: - креира здрави и безбедни средини за младите;
- обезбеди можности за образовен и личен развој;
- ја намали појавата на малолетнички бракови преку активна вклученост на локалните заедници.
Работилницата претставуваше можност за присутните да ја изразат својата поддршка за иницијативата и да предложат идеи за активности кои ќе помогнат во надминување на овој проблем.
Преку реализацијата на овој проект, Здружението „Сумнал“ продолжува со својот долгогодишен ангажман за унапредување на положбата на младите во ромската заедница и отворање нови можности за нивна интеграција и просперитет.
ф 4
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани