
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа „Чествување на великаните Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски“, по повод 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски и 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски.
Настанот, што се одржа на крајот на декември, го отвори директорот на КИЦ во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски. За поезијата на великаните на современата македонска литература беседеше проф. д-р Кристина Николовска, а нивни стихови читаше Олга Прличева – внуката на Григор Прличев.