2win800x200

Битолчани се подготвуваат за Бадниковата поворка - И Коњановски учествува во подготовките

Јануари 03, 2025
Воочи големиот христијански празник, денот на Христовото раѓање Божиќ, Битола и битолчани го празнуваат Бадник, ден кој го наговестува неговото раѓање.
Пред големиот настан, во овогодишните подготовки за Бадник, во работилницата се вклучи и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски. Заедно со организаторите и дечињата, изработија над 2000 Божиќни ѕвезди кои ќе го осветлуваат патот на Бадникарчињата и оваа година по Широк Сокак.
Во рамките на подготовките, се одржа последната проба на тимот за организација на „Бадникови поворки 2025 Битола“ . Дечињата најдобро го најавуваат Христовото раѓање, со носење на ѕвездите, кои ја симболизираат Божиќната ноќ, кога е роден Христос.
На Бадник, 06.01.2025, во 12 часот од Плоштадот Магнолија по Широк Сокак ќе се движи големата Бадникова поворка.
Можно е да е слика од 2 луѓе, дете и текст
Можно е да е слика од 10 луѓе, луѓе студираат и маса
Можно е да е слика од 5 луѓе и текст
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе студираат и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани