Ноќеска две возила изгореле на „Охридска“ во Битола

Јануари 09, 2025
фото архива фото архива

СВР Битола соопшти - На 09.01.2025 во 00.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Охридска" во Битола настанал пожар во патничко моторно возило „хјундаи гец" со битолски регистарски ознаки, сопственост на Б.Д.(63) од Битола. Од пожарот било оштетено и патничко возило „хундаи тусон" со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Б. од Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.  Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани