2win800x200

Општина Битола со инвестиции од над 1 милион денари во СОУ „Таки Даскало“

Јануари 22, 2025
Со средства обезбедени од Општина Битола во вкупна вредност од 1.143.407 денари, во СОУ Таки Даскало, се набавени нови компјутери, табли, телевизори и ученички столчиња и тоа:
16 нови табли (зелени и бели ), 138 ученички столчиња; 19 телевизори за презентација (55" ); 16 персонални компјутери и 1 смарт табла, со што значително ќе се подобри образовниот процес.
Оваа е само една од бројните инвестиции на Општина Битола во нашето училиште.
Имено, во изминатиот период во повеќе наврати во училиштето од страна на локалната самоуправа се инвестирани околу 10 милиони денари за подобрување на воспитно-образовниот процес и условите за учење и работа. Направени се крупни инвестиции како што се поставување на фотонапонска централа на покривот на училиштето, со моќност од 40 kw, во вкупна вредност од 1.876.251 денари, со што не само што ќе се заштеди електрична енергија, туку училиштето само ќе си покрива дел од потребите за електрична енергија, потоа комплетно реновирање на спортските терени, уредување на училишниот двор, реновирање на паркетот во училиштето, нов паркинг-простор за вработените со електронска рампа, реновирање на внатрешните скали, нова компјутерска опрема, табли, училишен мебел и бројни нагледни средства за гимназијата и за струките.
Можно е да е слика од маса
Можно е да е слика од текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани