
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, не смета дека идејата на претставниците на извршната власт за целосно распуштање на судскиот и на обвинителскиот совет не е добра. Тој ги прифаќа критиките за состојбите во правосудната сфера, но според него, одговорноста мора да има име и презиме.
„Сметам дека тоа не е добра идеја колективно да се разрешуваат колективните тела. Јас секогаш сум се залагал за индивидуална одговорност. Не може сè да ставиме во еден кош, не може да кажеме дека цел судски или јавнообвинителски совет не функционирал како што треба. Исто и за судиите, не може да кажеме дека сите судии не се добри, па треба сега сите да ги разрешиме. Не, индивидуалната одговорност е таа на која треба да посветиме внимание и навистина тие поединци кои не си ја работат својата работа, да одговараат. Не може сите останати кои си ја работат работата, се врвни професионалци и личности со врвен интегритет, да страдаат поради таквите други колеги“,
вели Камбовски во интервјуото за Радио слободна Европа на македонски јазик.