
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Милош Станковиќ го освои првото место на меѓународниот шаховски турнир „Штајниц -2025“ што вчера се одржа во Битола. Во конкуренција од 84 напреварувачи од Македонија, Србија, Грција и Азербејџан, Станковиќ кој е претставник на шаховскиот клуб „Штајниц“ од Битола беше најдобар. Станковиќ по титула е интернационален мајстор во шах.
Второто место му припадна на 16 годишниот Кирил Николовски претставник на шаховскиот клуб „Алкалоид“ Скопје.
На трето место се пласира Емил Ристески исто така интернационален мајстор, претставник на клубот „Гамбит“ од Скопје.
Чатврто пласиран е Гоце Шапкароски од шаховскиот клуб „Охрид“ од Охрид.
Наградата за најдобро пласиран битолски шахист ја доби Фиде - мајсторот Јани Богоевски од шаховскиот клуб „Штајниц“ од Битола.
На вчерашниот турнир што се одржа во Битола учествуваа и двајца претставници од шаховската репрезентација на Македонија - Емил Ристевски кој го освои третото место и Тони Лазов од шаховскиот клуб „Алкалоид“ Скопје кој не успеа да освои награда.
А.Б