2win800x200

Речиси 1.700 Македонци во 2024 година добиле бугарски пасош

Февруари 04, 2025
фото А.Блажевска фото А.Блажевска

Речиси 1.700 Македонци во 2024 година добиле бугарски пасоши, продолжувајќи ја тенденцијата на барање подобри можности за живот во европските земји. Ова го покажува годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство, кој го објави бугарското радио БНР, повикувајќи се на податоците од кабинетот на потпретседателката Илијана Јотова.

Според извештајот, вкупно 16.500 лица лани добиле бугарско државјанство, што е за 4.000 повеќе од 2023 година. На врвот на листата се државјани на Украина (2.400 лица), по што следат Турција (2.200) и Молдавија (1.800). Северна Македонија е на четвртото место со речиси 1.700 добиени бугарски пасоши.

 

Од БНР ја пренесуваат оценката од извештајот дека процесот на доделување бугарско државјанство продолжува да биде од интерес за голем број луѓе од регионот и пошироко. Според извештајот, во 2024 година биле издадени 227 декрети за промена на бугарското државјанство, а над 11.700 лица го добиле по основ на потекло или општа натурализација.

Истовремено, речиси 4.500 лица го вратија своето бугарско државјанство, а за 38 апликанти натурализацијата била откажана поради различни нерегуларности, меѓу кои и лажни документи. Одбиени биле скоро 6.000 барања за бугарско државјанство.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани