
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дваесет и едногодишно момче е тешко повредено откако со „поло“ излетало од пат во Битолско.
„Вчера во 23.06 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Маково, пред мостот на река Драгор, патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(21) од с.Новаци, битолско, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.