2win800x200

Реконструкција на спортските терени во ОУ"Трифун Пановски" Битола

Февруари 24, 2025

УЧЕНИЦИТЕ ВО ОУ „Д-Р ТРИФУН ПАНОВСКИ“ ЌЕ ДОБИЈАТ КВАЛИТЕТНИ СПОРТСКИ ТЕРЕНИ

 
Во рамките на планираните активности за реконструкција на девет спортски игралишта и терени во битолските училишта, секретарот на општина Битола Борче Димитровски и дел од општинската администрација денес го посетија основното училиште „Д-р Трифун Пановски“. 
 
Секретарот Димитровски ги објасни идејните решенија и позициите на реконструкција на игралиштата во дворот на објектот, со кои е предвидено фудбалско и ракометно игралиште, кошаркарско игралиште и фитнес зона, нагласувајќи дека локалната самоуправа преку овие проекти дава поддршка и поттикнување на спортскиот и натпреварувачкиот дух кај учениците и младите. Покрај реконструкцијата со нова асфалтна површина, предвидено е поставување на  нова соодветна комплетна спортска опрема (кошеви со конструкција, табла, обрач и мрежа за кош, стативи за голови, нови мрежи за голови), со соодветно бележење.
 
Директорката на училиштето Лилјана Николовска посочи дека оваа реконструкција е многу значајна за учениците, за изведувањето на наставата по физичко образование, како и за севкупното спортско рекреирање на децата. Спортските терени ќе бидат надополнети со соодветна урбана опрема и осветлување.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани