2win800x200

Никогаш не сме биле поединствени - Советникот Петар Николовски објави заедничка фотографија со Методија Илиевски

Март 05, 2025
Советникот Петар Николовски по критиките на ОК ВМРО ДПМНЕ дека има разногласие во ставовите меѓу него и потпретседателот на СДСМ и советник Методија Илиевски околу состојбите во општина Битола, објави заедничка фотографија со Илиевски и порача политичките противници да не се грижат за односот меѓу нив двајцата оти како што вели - Никогаш не сме биле поединствени и поодлучни да се стави крај на пустошот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола!
 
 
- Не грижете се за нас! Никогаш не сме биле поединствени и поодлучни да се стави крај на пустошот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола!
Туку, до каде е изградбата на:
- Спортскиот комплекс
- Новото училиште во Буковски Ливади
- Авантуристичкиот парк
- Функционален јавен превоз
- Нови кружни текови
Битолчани многу добро знаат дека во последните три години ништо суштински не е реализирано!
Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина ги почитуваше граѓаните, ќе ги реализираше ветувањата од локалните избори! Отчетот доаѓа!, напиша Николовски на својот Фејсбук профил.  
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани