
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лихвар од Битола ќе одговара откако, според полицијата, на двајца сограѓани им позајмувал пари, за кои барал висока камата, соопшти полицијата.
„СВР Битола поднесе кривична пријава против К.С.(51) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „лихварство“. Од мај 2024 година до февруари 2025 година, пријавениот, на едно лице од Битола во повеќе наврати му позајмил 15.000 денари и притоа за девет месеци му наплатил камата од 59.500 денари. Исто така, од октомври 2024 година до февруари 2025 година, пријавениот, на друго лице од Битола му позајмил вкупна сума од 50.000 денари и за четири месеци му наплатил камата од 74.000 денари“, велат од МВР.