
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани како што најавија излегоа на протест и бараат дислокација на регионалната депонија. Истакнаа пароли на кои пишуваше “Туѓи контејнери за ѓубре, а гајлето наше“, “За туѓи бели дворови, копајте си црни гробови“, “Направете го Детското, не депонија“, “Не за депонија“. Според Министерството за животна средина - регионалната депонија е предвидено да биде изградена на девастирано/оштетено земјиште во Општина Новаци. На депонијата според проектот ќе завршуваат најмногу до 50 % од отпадот што се генерира од сите 18 општини, бидејќи регионалниот систем предвидува примарна селекција на отпадот што може да се рециклира и што ќе заврши во инсталации за преработка.