2win800x200

По трагедијата во Кочани - АД ЕСМ целосно се става на располагање за пружање на секаква потребна помош

Март 17, 2025
Со длабоко жалење изразувамe најискрено сочувство до семејствата на загинатите во страшната трагедија што нè погоди сите. Зборовите се немоќни да ја опишат болката и да ја ублажат загубата на најблиските. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со вас, со Кочани, со цела Македонија.
На повредените им посакуваме брзо и успешно закрепнување.
Како субјект од стратешко значење за државата, АД ЕСМ целосно се става на располагање за пружање на секаква потребна помош. Во координација со локалните власти и надлежните државни институции, Компанијата е подготвена да ги мобилизира сите расположливи ресурси и неопходна логистика за справување со последиците од трагедијата.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани