Соопштение од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Информираме дека сите предвидени настани по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одлагаат, поради трагичната несреќа што се случи во Кочани.
Ова се однесува на следните настани:
Панел-дискусија на тема: „Библиотеката – срце на заедницата: 80 години култура, знаење и иновации“, во Офицерски дом – Europe House Bitola, со почеток во 12:00 часот.
Промоција на книгата „Факсимили на роднокрајни автори“, членови на ДПМ, и претставување на каталогот посветен на Горан Стефановски, во Читалната „Горан Стефановски“, со почеток во 18:00 часот.
Доделување на награди во 12:00 часот, во знак на признание за:
најпосветените читатели,
најдобрите библиотечни приказни,
роднокрајните автори,
како и благодарници за поранешните вработени.
Промоција на книгата „Епски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“ од авторот Игор Трајковски – Фоја, во просториите на Библиотеката, со почеток во 18:00 часот.
20-ти март (четврток)
Поетскиот настан „Стихови што обединуваат“, посветен на Светскиот ден на поезијата, кој требаше да се одржи во Читалната „Горан Стефановски“, со почеток во 18:00 часот, во соработка со Македонското научно друштво.
И свечената академија на 21-ви март 2025 година (петок) во Офицерски дом.
За новите термини ќе бидете навремено известени.
Во оваа тешка и болна состојба, изразуваме длабоко сочувство и солидарност со семејствата, роднините и блиските на настраданите.