
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски разреши седум началници од СВР Штип и ОВР Кочани.
Според одлуката се разрешуваат началник на Сектор за внатрешни работи во Штип, помошник началник на СВР Штип, началник на Одделение за полиција во Штип, началник на Одделение за криминалистичка полиција во Штип, началник на Одделение за внатрешни работи во Кочани, командир на Полициска станица од општа надлежност во Кочани и началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи во Кочани.
МВР најавува повеќе детали во текот на денот