2win800x200

Коњановски со обраќање до јавноста - достоинствено разумно и заеднички кон следните чекори

Март 19, 2025

ДОСТОИНСТВЕНО, РАЗУМНО И ЗАЕДНИЧКИ КОН СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ

 
Почитувани граѓани, 
 
Живееме во време, во кое што последиците од немилиот настан во Кочани, засекогаш, трајно и болно, ќе бидат врежани длабоко во сите нас, од најмлад до највозрасен. 
Во овие моменти, кога не обзема тагата, но и бесот дека пожарот можеше и да не се случи, треба да се внимава и да се постапува разумно. Овие моменти не смеат да бидат моменти на поделба, туку треба да не обединат, заеднички да делуваме во насока на спречување на вакви немили настани во иднина. 
Овој настан, секако отвори голем број прашања за нашата сигурност при престојот во јавните објекти, сеедно дали станува збор за настани во отворен или затворен простор. 
Како градоначалник, Ве уверувам дека се грижиме за безбедноста на нашите сограѓани. Постапуваме согласно законските одредби и општината, во рамките на својата надлежност, не издава било каква дозвола без претходно обезбедена соодветна документација. 
Согласно Законот за угостителска дејност, започнаа контроли на соодветните институции надлежни за издавање дозволи и лиценци, а на терен делува и битолскиот инспекторат. 
И во овие тешки денови на тага, остануваме доследни во нашите намери Битола да биде уште поубаво место за живеење, со заеднички сили и со доследно следење на законските одредби.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани