
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Трски и стрниште попладнево гореа крај реката Црна и внатре каде е обраснато коритото, вдолж атарите на селата Брод и Гнеотино. Пламените јазици брзо се проширија поради ветрот. Сега огнот е изгаснат, потврдува за АПЛА.мк командирот на Противпожарната единица од Битола, Горан Димкоски. Интервенираа тројца пожарникари со едно возило. Фото Гоце Талевски