2win800x200

Поради трагедијата во Кочани, Комити нема да дојдат на гостувањето во Битола

Март 24, 2025

Навивачката група Комити, соопшти дека во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани и солидарност со семејствата на преживеаните, тие нема да дојдат на гостувањето во Битола против Пелистер.

Во сабота на 29 март, Пелистер ќе го пречека Вардар во ново коло од Првата македонска фудбалска лига. Се очекуваше присуство и на навивачката група од Скопје, но тоа сепак нема да се случи.

„Во знак на почит кон жртвите на трагедијата во Кочани, како и во знак на солидарност кон сите преживеани и кон сите семејства погодени од големиот ужас, одлучивме дека нема да присуствуваме на следниот натпревар на ФК Вардар, кој ќе се одигра на 29.03.2025 во Битола, против екипата на Пелистер.
Сметаме дека во моменти кога народот тагува и жали, ова е единствената логична одлука која групата можеше да ја донесе.
Вардар во срцето, Македонија во душата!“,
 стои во соопштението на Комити.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани