2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на пресот на Методија Илиевски - порано за убиства, несреќи, пожари, сообраќајки, беа криви пајаците и каблите, сега одговорноста има име и презиме

Март 31, 2025

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДСМ и потпретседателот МЕТОДИЈА ИЛИЕВСКИ

Интегрален текст 

Системот кој изминативе 9 години во МВР го насади тогашниот министер и експремиер, Оливер Спасовски, а Сашо Тасевски 6 години во БЈБ, се искоренува од институциите.

Доколку порано за убиства, несреќи, пожари, сообраќајки, беа криви пајаците и каблите, сега одговорноста има име и презиме.

СДС не бараше оставка и морална одговорност од Спасовски кога полициски службеници се удираа сами во пајаци, кога каблите беа криви за пожари, кога беа давани пасоши на белосветски криминалци, кога секојдневно на улица главни беа Дуќанџиќ, Беланоца и Грчец.

СДС не бараше кривична одговорност од Тасевски кој пукаше во Собранието на протестите, додека други беа обвинети за тероризам над 200 години.

СДС треба да се засрами и барем еднаш да се извини за се што имаа сторено изминативе години.

ВМРО-ДПМНЕ работи на промена на системот и добивање на правда и правна држава!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани