Од Битола, од срце за Кочани!
ФК Пелистер, љубителите на фудбалот во Битола, навивачката група „Чкембари“ го исполнија ветеното. Приходот од билетите од натпреварот од 25. коло на Првата фудбалска лига е дониран за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Исто така независно од натпреварот, навивачката група „Чкембари“ реализираше индивидуална акција во која собра дополнителни средства кои се додадени во донацијата. Нашиот град и нашиот клуб уште еднаш ја покажа својата хуманост и човечност во тешките моменти за нашата земја и нашите граѓани. Да не се повтори...