
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Досегашниот претседател на СДСМ Венко Филипче доби 4-годишен мандат за лидер на денешните директни внатрепартиски избори на кои беше единствен кандидат. На 78 избирачки места низ земјава од 23.720 запишани члена гласале 18.140 или 76,5% од запишаните. Од нив 18.001 член гласал за Филипче, а неважечки се 131 ливче.
Во говорот по изборите, Филипче рече дека ќе ја обнови партијата. Кажа дека претстои тешка борба против Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Влен за која рече дека за 10 месеци не испорачала ништо што ветила и дека „понеспособна влада Македонија немала никогаш досега“. Филипче рече дека СДСМ е спремна да се врати на победничката патека.