2win800x200

Горан Степановски - не е доведена во прашање работата на Комуналец, опозицијата шири лаги

Април 07, 2025

Интегрален текст од прес кинференцијата на Горан Степановски директор на "Комуналец" Битола. Почитувани, по прес конференциіата на СДСМ за работата на JП Комуналец, чуствуваме потреба да ги демантираме лагите кои константно се насочени кон ЈП Комуналец и изворно да ги информираме граѓаните.

 
Во ниту еден момент собирањето на сметот и извршуваьето на нашите останати обврски не е доведено во прашање.
 
Еве уште неколку факти кои јасно и точно покажуваат кој не работел домаќински.
 
Во 2018 година за репрезентации и спонзорства биле  потрошени 3.900,000 денари.
Во 2019 - 4.800.000 денари.
 
За разлика од овие  расипнички трошоци во 2024 година се потрошени 1,300.000 денари - 3 односно 4 пати помалку од наведените години.
 
Сакаме на јавноста да и предочиме дека  наследивме и исплативме кредит од над 20 милиони денари во изминатите 2 години - што нормално влијаеше на целокупното наше финансиско работење.
 
ЈП Комуналец може да се пофали со зголемените приходи во изминатите три години од околу 30 милиони денари и
поефикасна наплата на сметки дури за 82 проценти повеќе - односно над 155 милиони денари.
 
Мораме да споменеме дека и овој период имаме помал број вработени, но трошоците се зголемени со порастот на платите, а при тоа цените на услугите се непроменети безмалку триесет години.
 
И на крајот сметам дека е чесно, советникот Николовски да им се извини на граѓаните за дрското манипулирање и изнесувањето лаги и невистини.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани